Вашиот водич за интернет банката Повелете! Отворени сме 2 часа.
Повелете во интернет банката! Отворени сме 2 часа за да можете да ги завршите вашите обврски во банката кога најмногу ви одговара вам. Сè што ви треба е компјутер приклучен на интернет и вашите лични податоци за пријавување. Интернет банката ја штитат заштитни ѕидови, т.е. нашиот дигитален безбедносен систем. Сите информации до и од вашиот компјутер се криптираат за да се оневозможи неовластен пристап до истите. Во овој водич можете да се информирате како да се пријавите во системот на интернет банката, како да плаќате сметки и да пренесувате пари. Ќе добиете совет и за други добри функции, но сепак, во овој текст не се покриени сите опции кои ви ги нуди интернет банката. Затоа, одвојте време за самите, лично, да ги испитате можностите. Сето тоа ќе ви биде од корист. Содржина Посетете ја интернет банката страна 3 Плаќање на сметки страна Префрлање на пари страна 7 Прилагодете по ваша мерка страна 9 Неколку добри функции страна 10 Ви треба помош? страна 12
Посетете ја интернет банката следете ги овие чекори. За да влезете во интернет банката мора да се идентификувате со безбедносниот уред, банкарскиот идентификациски код на картичка, банкарскиот идентификациски код на мобилен, или со личен код. 1 Влезете во swedbank.se. Кликнете на Logga in (Пријави се) кое се наоѓа најгоре, десно. Пријавете се со безбедносниот уред 2 Внесете го својот матичен број и изберете Säkerhetsdosa (Безбедносен уред) во списокот покрај Logga in med (Пријави се со). Кликнете на Fortsätt (Продолжи). 3 Вклучете го безбедносниот уред со командата-стрелка. Внесете го вашиот личен ПИН-код. Тогаш, во прозорецот ќе се појави текстот APPLI. Притиснете го бројот 1. Во прозорецот ќе се појави код којшто се внесува само еднаш, којшто треба да го внесете во полето за кодот што се внесува само еднаш на интернет банката. Кликнете на Fortsätt (Продолжи). Пријавете се со банкарскиот идентификациски код на картичка Внесете го вашиот матичен број и изберете BankID på kort (Банкарски идентификациски код на картичка) во списокот покрај Logga in med (Пријави се со). Кликнете на Fortsätt (Продолжи). Ставете ја вашата картичка во читачот на картички. Внесете го вашиот матичен број во прозорецот и изберете ја алтернативата BankID på kort (Банкарски идентификациски код на картичка). Кликнете на Fortsätt (Продолжи) и следете ги упатствата. Пријавете се со личен код Ако сакате само да ги проверувате салдата или да вршите префрлање на пари помеѓу вашите сопствени сметки во Swedbank, можете да се пријавите со вашиот личен код (шест знаци). Во тој случај, изберете Personlig kod (Личен код) во списокот покрај Logga in med (Пријави се со). Личен код можете да нарачате на Почетната страница под Tillval/Beställ personlig kod (Опции/Нарачај личен код). 3
1 Пријавете се со безбедносниот уред 2 3 Има неколку модели на безбедносни уреди. Сите имаат команда-стрелка која се наоѓа најдолу, десно. Имајте предвид дека безбедносниот уред и банкарскиот идентификациски код содржат информации за вашиот идентитет. Чувајте ги на безбедно место.
Плаќање на сметки следете ги овие чекори. 1 Влезете во Betala/Överföra (Плати/Префрли). Изберете Bg/Pg-betalningar (Плаќања од банк. ж. сметка/плус ж. сметка) Пополнете ги податоците под Från (Од). Кога првпат му плаќате на нов примач, треба да ја пополните плус жиро сметката за соодветната банка под Lägg till ny mottagare (Додај нов примач). Потоа, пополнете ги податоците за плаќање; износот, крајниот рок на плаќање и референтниот број или порака. 2 Кликнете на Lägg till (Додај). Одобрете ги новиот примач и префрлање со безбедносниот уред 3 Вклучете го безбедносниот уред со командата-стрелка. Внесете го вашиот личен ПИН-код. Тогаш, во прозорецот ќе се појави текстот APPLI. Притиснете го бројот 2. Во вашиот уред внесете ги бројките наведени во интернет банката под насловот Kontrollnummer (Контролен број). Во полето за одговор на уредот ќе добиете код со бројки којшто ќе го внесете во интернет банката, во прозорецот под насловот Svarskod (Код-одговор). Кликнете на Godkänn (Одобри). Одобрете ги новиот примач и плаќање со банкарскиот идентификациски код на картичка Ставете ја вашата картичка во читачот на картички Следете ги упатствата на екранот Плаќањето ќе се појави на Списокот на плаќања. За да ги одобрите плаќањата на списокот, кликнете на Till godkänna (За одобрување) и повторете ги чекорите наведени погоре. 6 Плаќањето ќе се појави на Списокот на плаќања. За да ги одобрите плаќањата на списокот, кликнете на Till godkänna (За одобрување) и повторете ги чекорите 3- наведени погоре.n Примачите на плаќања кои ги наведувате автоматски се зачувуваат по азбучен ред во список за да не мора да ги пополнувате податоците при следните плаќања. За рокот на плаќање Ако не наведете рок на плаќање, плаќањето ќе се реализира истиот ден, под услов плаќањето да го одобрите пред 10:00 часот. Инаку, плаќањето ќе се реализира следниот работен ден на банката. Ако наведете рок на плаќање, сметките ќе се платат на датумот којшто сте го навеле. Парите ќе се повлечат од вашата сметка денот пред рокот на плаќање. Доколку рокот на плаќање е во неработен ден, примачот ќе ги добие парите последниот работен ден кој му претходи на неработниот ден.
1 2 Одобрете ги новиот примач и плаќање со безбедносниот уред 3 6 Нека ви премине во навика плаќањата да ги внесувате во интернет банката за да ви се појавуваат по рок на плаќање. Така, сите ваши сметки ќе се плаќаат навремено. Автоматско следење? Под насловот Egna inställningar (Претпочитани поставувања) на Почетната страница можете да нарачате следење на одредени информации, како на пример е-фактури и одбиени плаќања - плаќања кои од некои причини не се реализирале. Вие избирате дали сакате да добиете известување по СМС или по имејл. 6
Префрлање на пари следете ги овие чекори 1 Влезете во Betala/Överföra (Плати/Префрли). Изберете го соодветниот наслов под Överföringar (Префрлања). Пополнете ги податоците под Från (Од). Првпат кога префрлате пари до некој примач, пополнете го бројот за клиринг, бројот на сметката и името под насловот Lägg till ny mottagare (Додај нов примач). Потоа, пополнете го износот, денот на префрлање и, по избор, порака. 2 Кликнете на Lägg till (Додај). Одобрете ги новиот примач и префрлање со безбедносниот уред 3 Вклучете го безбедносниот уред со командата-стрелка. Внесете го вашиот личен ПИН-код. Тогаш, во прозорецот ќе се појави текстот APPLI. Притиснете го бројот 2. Во вашиот уред внесете ги бројките под насловот Kontrollnummer (Контролен број) во интернет банката. Во полето за одговор на уредот ќе добиете код со бројки којшто ќе го внесете во интернет банката, во прозорецот под насловот Svarskod (Код-одговор). Кликнете на Godkänn (Одобри). Одобрете ги новиот примач и префрлање со банкарскиот идентификациски код на картичка Ставете ја вашата картичка во читачот на картички Следете ги упатствата на екранот Тогаш, примачот на плаќањето и префрлањето ќе се појават на Списокот за префрлање. За да ги одобрите префрлањата, кликнете на Till godkänna (За одобрување) и повторете ги чекорите наведени погоре. 6 Тогаш, примачот на плаќањето и префрлањето ќе се појават на Списокот за префрлање. За да ги одобрите плаќањата на списокот, кликнете на Till godkänna (За одобрување) и повторете ги чекорите 3 наведени погоре. Примачите на плаќања кои ги наведувате автоматски се зачувуваат по азбучен ред во список за да не мора да ги пополнувате податоците при следните префрлања на пари. За датумот на префрлање Префрлање на сметка во рамките на Swedbank или Sparbank директно пристига на сметката на примачот. Ако не наведете датум, веќе истиот ден, ако не е неработен ден, парите ќе бидат достапни на сметката на примачот, под услов префрлањето да го одобрите пред 13.00 часот. Инаку, парите ќе бидат достапни следниот работен ден. 7
1 2 Одобрете ги новиот примач и префрлање со безбедносниот уред 3 6 Информации за префрлањата и плаќањата се чуваат и се достапни во интернет банката 18 месеци. Информации за уплати на и исплати од вашите сметки се достапни 13 месеци. 8
Прилагодете по ваша мерка Под Egna inställningar (Претпочитани поставувања), кои се наоѓаат под Почетната страница, можете да ја прилагодите интернет банката според вашите желби. Можете да: го прилагодите форматот на текстовите и насловите по ваша желба. ги внесете вашите податоци за контакт еднаш. При пополнување на нови формулари, податоците автоматски се појавуваат. изберете ако сакате да добивате известувања за понуди и информации за разни услуги и случувања. изберете следење на, на пример, е-фактури преку електронска пошта или СМС. ги внесете страниците кои ги користите често како Омилени во главната навигација за да можете брзо да ги најдете. Имате ли повеќе плаќања за ист примач? Одете под Betala/Överföra (Плати/ Префрли), Kontohändelser (Активности на сметката), Historiska kontohändelser (Историја на активности на сметката) и кликнете на соодветниот примач. Кликнете на Kopiera (Копирај) за да составите слично плаќање. Внимавајте бројот на плаќањето од банк. ж. сметка/плус ж. сметка и референтниот број да се соодветни за новото плаќање. 9
Неколку добри функции На Почетната страница, под Beställ tjänster (Нарачајте услуги) има многу корисни услуги кои можете едноставно да ги нарачате. Тука ќе опишеме неколку од нив. 1 Електронска фактура/е-фактура. Многу претпријатија нудат електронски фактури кои директно ги испраќаат во вашата интернет банка. Тоа е едноставна и добра практика која е поволна и за животната средина. Изберете Anmäl elektronisk faktura (Пријави електронска фактура) и следете ги упатствата на екранот. 2 Hitta dina kontovillkor (Најди ги условите за сметката). Одете под Ekonomisk översikt (Финансиски преглед) на Почетната страница. Таму ќе најдете Konton och lån översik (Преглед на сметки и заеми). Кликнете на соодветната сметка и изберете Kontovillkor (Услови за сметката). Ако наместо тоа изберете Byt kontonamn (Преименувајте ја сметката), сметката можете да ја именувате како сакате. 3 Elektroniskt lönebesked (Електронско известување за плата). Под Övriga tjänster (Разни услуги) ќе најдете Anmäl elektroniskt lönebesked (Пријавете електронски известувања за плата). Влезете таму и видете дали можете да ја искористите можноста да почнете да добивате известување за плата по електронски пат. e-sparkonto (е-штедна сметка). Отворете е-штедна сметка. Бесплатно е, а имате и подобра провизија отколку на обична, лична сметка. Можете бесплатно и без ограничување да вложувате и да вадите пари на е-штедната сметка. Влезете во Spara/ Placera (Штеди/Вложи), Öppna nytt sparkonto (Отвори нова штедна сметка) и изберете e-sparkonto (е-штедна сметка). е-картата, Verified by Visa и MasterCard Secure Code се три начини на кои можете да ја зголемите безбедноста кога купувате на интернет. За да можете да ги користите вашите картички за плаќања преку интернет, мора да се пријавите за е-картичка, Verified by Visa или Master Card Secure Code. Услугите ќе ги најдете под насловот Kort (Картички). Следете ги упатствата. 6 Банкарски идентификациски код. Под Övriga tjänster (Разни услуги) ќе најдете Beställ BankID (Нарачај банкарски идентификациски код). Со банкарскиот код можете, на пример, да пријавувате директно, преку интернет, данок и здравствена грижа за болно дете. За да нарачате и користите банкарски идентификациски код, треба прво да ја инсталирате безбедносната програма за банкарски идентификациски код на вашиот компјутер. Кога внесувате нов примач на плаќање, можете да ја искористите приликата да го обележите плаќањето со тоа што ќе изберете некоја од алтернативите под насловот Kategori (Категорија). Потоа, можете да ги пребарувате соодветните категории за да видите колку пари сте ставиле под различни точки. 10
Нарачајте услуги 1 6 3 2 11
Ви треба помош? Јавете се во службата за клиенти на интернет банката за помош околу функциите на интернет банката. Службата за клиенти е достапна на 0771-97 7 12 секој ден, од 07:00 до 23:00 часот. Пратете прашање до службата за клиенти на интернет банката одете на Почетната страница и под Kontakta oss (Контактирајте нè). Одговор ќе добиете во рок од 2 часа. Доколку сакате да дознаете повеќе за страницата на којашто се наоѓате - притиснете го копчето Hjälp (Помош) во најгорниот ред на менито, од десна страна. Проверете ги функциите на интернет банката со нашата демо-верзија достапна на swedbank.se DEMO Доколку имате прашања за вашите финансии, можете да се јавите во Телефонската банка на 0771-22 11 22, секој ден од 07:00 до 23:00 часот. Телефонската банка е бесплатна. Приклучете се кон менито Tillval (Опции) во интернет банката. Самите именувајте ги вашите сметки. Можете самите да ги именувате вашите сметки за полесно да ги распознавате. Одете под Ekonomisk översikt (Финансиски преглед), Konton och lån översikt (Преглед на сметки и заеми). 12
Сакате да дознаете повеќе? Контактирајте ја најблиската канцеларија на Swedbank или Sparbank. Можете да нè посетите и на swedbank.se Имајте предвид дека некои Sparbank-и можеби имаат интернет адреси кои се разликуваат од оние кои се дадени тука. Контактирајте ја вашата банка за повеќе информации.