КОДЕКС ЗА ДЕЛОВНА ЕТИКА

Relevanta dokument
Декларација од Џакарта за водство на унапредувањето на здравјето во 21 век

Q1Eco fika Квиз карта. Која е разликата помеѓу fika (фика) кафе пауза, и дали воопшто постои разлика?

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПЕТТИ ОДДЕЛ. ОДЛУКА ( Жалба бр.40397/12)

Повелете! Отворени сме 24 часа.

Опис на. Како работи. Унија. Европска Унија. Вашиот водич низ институциите на ЕУ

Постапка за Магистерски ПРИЈАВА

ДРВЕН ЧИПС ДОБИЕН ОД КРР ЗА ОГРЕВ

СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА ЗИМСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ 2017 LASSE SÖDERBERG ЛАСЕ СОДЕРБЕРГ. Превод од шведски на македонски јазик Ивица Челиковиќ

TIPSTER CUP ГОЛЕМО ФИНАЛЕ. од 14 јуни до 15 јули. Билтен бр сезона 2017/18

Обданиште и забавиште

Rum 1 Banketten Tema: Framtid & Innovation

СМЕШТАЈ ГРУПЕ У АПАРТМАНСКОМ НАСЕЉУ Краљеви конаци -период од до год.-

За младе од 16 до 20 година Средња школа

Mycket formellt, mottagaren har en speciell titel som ska användas i stället för namnet. Уважаемый...

Основна школа и ваншколска настава

Сазнајте шта је добробит животиња и зашто је она важна за фармере?

VE 230 VE 230 MAXI. 29 kg / 64 lbs 115 x 59 x 154 cm. 110 kg 242 lbs 45 x 23 x 61 in 45 min

Библиотека Прозна путовања

Садржај. Шведска у свету 14 Шведска и УН 14. Сарадња нордијских земаља 15. Подаци о Шведској 16. Контакт 16. Овако се управља Шведском

Планирање дистрибутивних мрежа са дистрибуираном производњом

Rear Rake 130 cm Art. No: Mod. Name: ST Made in Sweden by Stoeryd AB. Type: TMR/RAK-130A-09. Mod. name: ST-1408 Art. No.

HYDROBOX EHSE series ERSE series

Инструкция по эксплуатации

ASSEMBLY MONTAGE MONTAJE MONTAGE MONTAGGIO AFWERKING MONTAGEM MONTAŻ SZERELÉS СБОРКА MONTARE MONTÁŽ MONTÁŽ MONTERING МОНТИРАНЕ MONTAJ МОНТУВАННЯ

SAVEZ SRBA U ŠVEDSKOJ SERBERNAS RIKSFÖRBUND I SVERIGE

sk-alto.com SCRUBTEC 233 ИНСТРУКЦИИ ЗА УПОТРЕБА MANUAL DE UTILIZARE РУКОВОДСТВО ПО ЭКСПЛУАТАЦИИ KULLANICI ELKİTABI (1) F

BILAGA. fogad till förslaget till

Издавање ове књиге помогао је Савет за културу Шведске

вароа тема броја болести година cx, број 8, август часопис из света науке и праксе у пчеларству

состојба /20

состојба /20

Правопис српског језика

ESL5205LO. SR Машина за прање посуђа Упутство за употребу 2 SV Diskmaskin Bruksanvisning 23

ПРВО ВЕЛИКИ ОБЈЕКТИ, А ОНДА МАЛИ

Declaration of Conformity

инфо ОКРУГЛИ СТО ПРВИ ПАРТИЗАН Душко Кузовић Оскар квалитета

Sanera ph12 Номер поставшика продукта R Соответствующие идентифицированные применение вещества или смеси и нерекомендуемые Сфера применения

När denna vokal står efter en konsonant framträder inte något [j] utan detta markerar att den föregående konsonanten är mjuk, dvs uttalas i i-läge.

Webbplats analys z-ako.ru

Вјенчање Црне Горе са морем Котор (Дијаспора)- Почетком јула

lánac kedja jèr ty, eftersom, emedan ìsti samma, identisk materìjal här: tyg bògàtstvo rikedom, förmögenhet pr~ljav smutsig

4x3 Junior 142_HDL_Ludo_jr_NLFRDEGB.indd :37

Att ha ont i У меня болит голова. Jag har ont i huvudet.

Неутрони (Revisited)

И З В Ј Е Ш Т А Ј КОМИСИЈЕ О ПРИЈАВЉЕНИМ КАНДИДАТИМА ЗА ИЗБОР У ЗВАЊЕ

sähkövastuksen tempo ladder 600 monteringsanvisning tempo ladder 600 monteringsanvisning tempo ladder 600 monteringsanvisning tempo ladder 600

Repetitionssatser 2. OBS! Pariga verb är angivna på följande sätt: imperfektiv/perfektiv aspekt; rörelseverb - obestämd/bestämd;

К О Н К У Р С Н А Д О К У М Е Н Т А Ц И Ј А

BL 4800, BL 6800, BL8800

Turbo Deluxe EST SLO SRB UAE

ИНФОРМАЦИЈА. Шамац у години

Personligt Brev. Brev - Adress. Mr. N. Summerbee Tyres of Manhattan 335 Main Street New York NY 92926

Webbplats analys devi-rnd.ru

УНИВЕРЗИТЕТ У БЕОГРАДУ Факултет ветеринарске медицине ВОДИЧ. кроз докторске академске студије ветеринарске медицине

Webbplats analys devi-kmv.ru

BRUKSANVISNING FÖRSIKTIGHET KUNDTJÄNST. Modellnr. NETL Serienr. Anteckna serienumret ovan för referens. Dekal med serienummer

ПРИКАЗИ И ОСВРТИ REVIEWS AND REFLECTIONS УДК 930.1:94(048).84

САМО ЗА ВАС! СЈАЈНИ ПОПУСТИ 999 ДИН. 16 Важи од ДОК ТРАЈУ ЗАЛИХЕ! Уштедите 55%! ДИН ДИН ЦВЕТНО-ВОЋНО-ВОДЕНАСТИ

Till punkt och pricka? Översättarstil, normer och interpunktion vid översättning från bulgariska till svenska

Rapport från valövervakning av de svenska valen till riksdag, kommun och landsting 14 september Rekommendationer och iakttagelser

Robert Bosch Power Tools GmbH Stuttgart GERMANY. GBH Professional D 8-45 DV A 2H4 (2016.

Brottslingar eller hjältar? Aggressionsbrottet i Romstadgan och våldsanvändning vid unilaterala humanitära interventioner

Motivet finns att beställa i följande storlekar

OKBABY BODY GUARD Med fästsystem för pakethållare

Inga om men eller varför att främja säker och jämlik kognitiv utredning genom tolk

8570, x4 R

Swedish design and manufacture since 1967

Personligt Brev. Brev - Adress 충청북도청주시상당구율량동현대 2 차아파트 13 동 201 호심수정님

Bull, Tove/Kusmenko, Jurij/Rießler, Michael (Hg.): Språk og språkforhold i Sápmi. Berlin: Nordeuropa-Institut, 2007

WELDING HELMET DIN 4/9-13

СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА РАСПОРЕД ПО ТЕРМИНИ

QUICK START Snabbstartsguide Instrukcja obsługi Rask oppstarts-veiledning Kurzanleitung Kort startvejledning Pikaopas Stručná příručka Ghid de

Svensk myndighetsinformation på serbiska, kroatiska och bosniska

Библиотека Прозна путовања

Каталог продукции компании Heléns

РУСЕНСКИ УНИВЕРСИТЕТ АНГЕЛ КЪНЧЕВ СЪЮЗ НА УЧЕНИТЕ - РУСЕ. ПОКАНА за МНК 19

OKBABY BODY GUARD Med fästsystem för pakethållare

Orlando. Instruktionsbok

JURIJ BALDIN CUP 2015

OPEL Combo Instruktionsbok

FI ASENNUSOHJEET DA INSTALLATIONSVEJLEDNING ET PAIGALDUSJUHEND

Регионални план управљања отпадом

Original instructions Elztrip EZ W

Speed Sun Plus Speed Sun Plus Shop n Drive

Grammatik Møde i Petersborg. Övningsboken (Øvebog)

СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА РАСПОРЕД ПО ТЕРМИНИ...8-9

РЕПУБЛИКА СРБИЈА ДРЖАВНА РЕВИЗОРСКА ИНСТИТУЦИЈА

Texter för översättning till ryska med facit och lösningsförslag

Resa Allmänt. Allmänt - Grundläggande. Allmänt - Konversation

Huvudansökan, kandidatprogrammet i språk: ryska som modersmål Urvalsprov kl

ENV / ENV R. Installation Användning. Installation Usage. Installation Verwendung. Installation Utilisation. Установка Пользование

Ifö Sense 47098, 47099, 47100, 47101, 47102, , 47401, 47402, 47403, 47404, DK Underskab Møbelpakke. NO Underskap Møbelpakke

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Easy 45 / 55 / 90 A 45: H : H : H Alt. Vaiht. Bap. S N DK FI GB RU (1)

GBH 18V-20 Professional

Resa Allmänt. Allmänt - Grundläggande. Allmänt - Konversation

Talar du engelska? Talar du _[språk]_?

Вы не могли бы мне помочь, пожалуйста? (Vy ne mogli by mne pomoch', pozhaluysta?) Вы говорите по-английски? (Vy govorite poangliyski?

Вы не могли бы мне помочь, пожалуйста? (Vy ne mogli by mne pomoch', pozhaluysta?) Вы говорите по-английски? (Vy govorite poangliyski?

Transkript:

КОДЕКС ЗА ДЕЛОВНА ЕТИКА

ПРЕГЛЕД на основните групни правила и директиви во врска со нашите меѓусебни односи и тие со акционерите. Понатамошните детали и дополнителните правила за вработените во Ericsson во одредени оперативни области се наоѓаат во групните правила, групните директиви и групните упатства, како и во локалните директиви и упатства. Врските до групните правила, групните директиви и групните упатства на Ericsson може да се најдат тука. (http://internal.ericsson.com/book/7982/ egms-ericsson-ericsson-group-management-system?unit=glob)

СОДРЖИНА КАКО ДА СЕ БИДЕ ПАРТНЕР ОД ДОВЕРБА Нашите водечки принципи 5 Нашата одговорност за усогласеноста 6 Пријавување проблеми со усогласеноста 7 ОДГОВОРНО ВОДЕЊЕ БИЗНИС Нашите обврски како одговорни корпоративни граѓани 8 Почитување на човековите права за време на деловните операции 9 Здравје и безбедност 10 Посветеност на одржливиот развој 10 Кодекс на однесување 11 СЕКОЕ ДЕЈСТВО Е ВАЖНО Усогласеност со законите, правилата и прописите 12 Комуникација и финансиски информации 13 Справување со конфликти на интереси 14 Корупција и финансиски неправилности 15 Заштита и соодветно користење на средствата на компанијата 16 Заштита на информациите 17 3

ПИСМО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР Драги колеги, Ericsson се потпира на неверојатни иновации и одлични луѓе. Учествувавме во оформувањето на цела индустрија и го поведовме технолошкиот развој од којшто многумина имаат придобивки. Но, не се работи само за деловниот аспект од нашата работа, туку и за начинот на којшто одговорно го водиме нашиот бизнис. Кодексот за деловна етика е нашата водечка рамка за начинот на водење бизнис и оперирање. Не барам од вас само да го потпишете кодексот за деловна етика барам да се водите по него, да се придржувате и да го разберете начинот на којшто го води нашето секојдневно однесување и начинот на којшто нè насочува, со што ќе бидеме сигурни дека секогаш одговорно го водиме нашиот бизнис. Следејќи го кодексот за деловна етика, градиме доверба и кредибилитет пред нашите клиенти, партнери, вработени и акционери. Целосно сум посветен на водењето компанија којашто се грижи и длабоко влијае врз светот околу нас. Барам од вас внимателно да го прочитате кодексот за деловна етика и да ја потпишете потврдата. Со тоа ќе покажете дека ги разбирате принципите опишани во кодексот за деловна етика и дека ќе се водите според нив, со што ќе бидеме сигурни дека одговорно го водиме нашиот бизнис секој ден. Ви благодарам. Börje Ekholm Претседател и извршен директор Март 2017 г. 4

КАКО ДА СЕ БИДЕ ПАРТНЕР ОД ДОВЕРБА Нашите водечки принципи Нашето водење бизнис се карактеризира со интегритет, транспарентност и одговорност. Работењето со силно чувство на интегритет е неопходно за да се одржи довербата и кредибилитетот пред нашите клиенти, партнери, вработени, акционери, општеството и останатите засегнати страни. Таквата доверба и кредибилитет подразбира транспарентност во начинот на водење на бизнисот и доверливост со цел да се заштитат деловните средства и приватноста на поединците. Создавањето средина во којашто има транспарентност при водењето бизнис е висок приоритет за сите нас. Нашиот кодекс за деловна етика е одраз на нашата посветеност кон работењето со искреност и вистинитост при справувањето и комуникацијата со пазарот. Очекуваме во компанијата да се работи согласно принципите наведени во овој кодекс. Сите, од членовите на одборот на директори и извршната управа, до секој поединец којшто работи за Ericsson, е одговорен за исполнувањето на овие стандарди. Кодексот за деловна етика ја одразува посветеноста на нашата компанија за одговорно водење на бизнисот, вклучително: Да се биде одговорен корпоративен граѓанин Почитување на човековите права за време на деловните операции Обезбедување здравје и безбедност Поттикнување одржлив развој Поддршка за принципите од глобалниот договор на ОН наведени во овој кодекс на однесување Кодексот содржи и правила за сите поединци коишто работат за Ericsson, под управниот персонал на Ericsson, без разлика дали се работи за вработен во Ericsson или за надворешни или приватни соработници, вклучително: Водење грижа за усогласеноста во секое време според соодветните закони, правила и прописи Промовирање целосно, фер, точно, навремено и разбирливо обелоденување на финансиските извештаи и другите видови јавна комуникација Соодветно справување со конфликти на интереси Заштита и соодветно користење на средствата на компанијата Заштита на приватните информации 5

Нашата одговорност за усогласеноста Секој што работи за Ericsson е должен да го прегледа кодексот, да го поддржува и да работи во согласност со начелата на компанијата зацртани во него, како и да ги следи правилата од кодексот коишто се однесуваат на нас и на сите важечки закони. Покрај тоа, мора да ги следиме групните правила, директиви и упатства на Ericsson, како и локалните директиви и упатства; непридржувањето може да доведе до дисциплински дејства и отпуштање од работа и/или понесување граѓанска и кривична одговорност. Лидерите имаат дополнителна одговорност. Преку нивните дејства, тие треба да ја покажат важноста на усогласеноста. Водењето преку поставување пример е неопходно, а исто и достапноста за луѓето коишто имаат прашања или сакаат да пријават можни прекршувања на кодексов. Лидерите мора да се погрижат да се почитува овој кодекс и да се применува во нивните организации. Лидерите не смеат да ги игнорираат случаите на неетичко однесување. 6

Пријавување проблеми со усогласеноста Поединци коишто работат за Ericsson поединците коишто работат под управниот персонал на Ericsson се поттикнуваат да пријавуваат секакви видови однесување за коешто, совесно, веруваат дека ги прекршува законите или кодексот за деловна етика кај менаџерот или согласно локалните процедури. Ако менаџерот е вклучен во ситуацијата, не може адекватно да се осврне кон проблемот или не го направил тоа, вработените треба да пријават кај менаџер со повисок ранг или согласно локалните процедури. Снабдувачи, клиенти и други снабдувачите, клиентите и останатите партнери коишто соработуваат со Ericsson може да ги пријавуваат можните прекршоци на законите или на кодексот за деловна етика кај локалниот менаџер за операции или согласно локалните процедури. Линија на усогласеност на Ericsson ако горните канали за пријавување се недостапни или несоодветни и ако можните прекршоци ја вклучуваат и локалната управа; и се поврзани со корупција, сомнително сметководство, непочитување на внатрешната контрола за сметководство, прашања на ревизија или други сериозни влијанија врз виталните интереси на Ericsson или личното здравје и безбедност, прекршокот може да се пријави преку надворешниот свиркачки процес на групата: линијата на усогласеност на Ericsson. Пријавите може да се извршат преку овој процес согласно локалното законодавство коешто важи за вклучените поединци. Информациите за линијата на усогласеност се достапни на интранетот на Ericsson 1 и на веб-локацијата на Ericsson 2. Од лидерите се очекува сериозно да ги разгледуваат пријавените проблеми и да работат со цел да се дојде до задоволително решение согласно етиката, вредностите и процедурите на Ericsson и според локалните статутарни или регулаторни обврски. Ericsson не прифаќа дискриминација или одмазда насочена кон поединците коишто ги пријавуваат прекршоците за наводни нарушувања на правилата. 1 https://www.speakupfeedback.eu/web/stuhe5 2 http://www.ericsson.com/reporting-compliance-concerns 7

ОДГОВОРНО ВОДЕЊЕ БИЗНИС посветеноста на компанијата Одговорност на секој што работи за Ericsson е да се справува со проблемите при работењето, вклучувајќи ги човековите права, здравјето и безбедноста и проблемите со животната средина, на професионален начин, како и да ја има предвид посветеноста на компанијата да биде релевантен и одговорен поттикнувач на позитивни промени во општеството преку одговорно водење на бизнисот при секојдневната работа. Нашата обврска како одговорни корпоративни граѓани Веруваме дека комуникацијата е основна човечка потреба којашто придонесува за економски просперитет и општествена еднаквост и овозможува решенија за многуте предизвици при одржливиот развој на општеството. Се стремиме да обезбедиме моќна технологија за доброто на светот и да ги сведеме негативните влијанија на минимум. Цврсто веруваме дека технологијата за информации и комуникација (ИКТ) промовира поголема транспарентност и зголемува повеќе основни човекови права, како што е правото на здравствена заштита, образование, слобода на здружување и слободата на изразување. Важно е брендот Ericsson секогаш да се поврзува со почит кон човековите права, фер и безбедните работни услови и цврсти етички и еколошки деловни практики. Важно е да се однесуваме на општествено и етички одговорен начин и да се стремиме да бидеме одговорни граѓани во заедниците во коишто водиме бизнис. Се грижиме за луѓето кои се дел од производството и поддршката на нашите производи и услуги насекаде во светот, како и сите корисници на ИКТ. Ericsson е посветен во придржувањето до принципите од глобалниот договор 10 на ОН, кои се однесуваат на човековите права, работничките стандарди, управувањето со животната средина и мерките против корупција. Овие принципи ја формираат основата на нашиот пристап кон одговорното водење на бизнисот. 8

Почитување на човековите права за време на деловните операции Ericsson ги почитува сите меѓународно признати човекови права, вклучувајќи ги Меѓународната повелба за човекови права и Меѓународната декларација на трудовата организација за основните принципи и права на работа, коишто се однесуваат на слободата на здружување и колективно договарање, принудна работа, злоупотреба на детски труд и недискриминација. Посветени сме во примената на водечките принципи за деловни и човекови права на ОН во текот на нашите деловни операции. Се стремиме кон избегнување на прекршувањата на човековите права на другите и се грижиме за влијанието на човековите права во коишто е вклучен Ericsson. Во секој контекст, ќе бараме начини за почитување на принципите за меѓународно признатите човекови права, дури и кога ќе бидеме соочени со конфликтни барања. Свесни сме за специфичните предизвици поврзани со некои од проблемите на човековите права во вмреженото општество, како на пример слободата на изразување и правото на приватност, како и ефектите на другите права кои потекнуваат од можната злоупотреба на технологијата и активно работиме да ги сведеме таквите ризици и предизвици на минимум. Приватноста и безбедноста се важни елементи од производите и услугите коишто ги овозможува Ericsson и ги координираме нашите производи и деловни процеси со цел да бидеме сигурни дека приватноста и слободата на изразување се почитуваат како дел од човековите права во текот на нашите деловни операции. 9

Здравје и безбедност Во Ericsson придаваме голема важност на здравјето и безбедноста на нашите вработени, вработените на нашите партнери, вработените на нашите снабдувачи и членовите на јавноста врз коишто може да влијаат нашите операции. Нашата посветеност јасно се потенцира преку разгледувањето на можните несакани влијанија врз здравјето и безбедноста, анализирањето и планирањето на неопходните дејства за избегнување на таквите влијанија и посветеноста на водството на сите нивоа. Во Ericsson имаме визија и цел за нула сериозни инциденти, а имаме и системи и процедури коишто важат за сите вработени и ќе ѝ помогнат на компанијата да ја постигне визијата за нула инциденти. Од здравствена гледна точка, Ericsson ги поттикнува вработените да одржуваат позитивна рамнотежа во начинот на живот. Посветеност на одржливиот развој Ericsson е посветен на одржливиот развој на општеството, односно развој којшто одговара на потребите на сегашноста без да ја загрози можноста на идните генерации да го постигнат истото. Одржливоста ја дефинираме како долгорочен општествен квалитет, економски просперитет и подобрена животна средина. Целите за одржлив развој претставуваат рамка за начинот на којшто го сфаќаме нашиот удел во општеството. Посветени сме на користење на нашата технологија и експертиза со цел полесно да се исполнат целите. Ericsson се стреми да развива, произведува и нуди производи, услуги и решенија со одлична одржлива изведба. Непрекинато работиме на намалување на негативните влијанија на нашите операции и на максимизирање на позитивните влијанија на нашата технологија, со цел да овозможиме одржлив општествен развој. Го зголемуваме знаењето и свесноста за одржливоста помеѓу нашите вработени и проактивно се вклучуваме со засегнатите страни во активностите коишто имаат позитивни општествени, еколошки и економски влијанија врз луѓето, бизнисот и општеството. Ги поттикнуваме и снабдувачите да се погрижат за соодветни стандарди на одржливост во синџирот за снабдување. 10

Кодекс на однесување Со цел да се почитуваат човековите права и да се промовираат фер услови за вработување, безбедни работни услови, одговорно управување со еколошките проблеми и високи етички стандарди, нашиот кодекс на однесување се заснова на принципите од глобалниот договор на ОН. Се применува во сите операции на компанијата, вклучително и во управата, развојот, производството, снабдувањето, продажбата и поддршката на решенијата, производите и услугите на Ericsson насекаде во светот. Кодексот на однесување важи и за сите снабдувачи на Ericsson и се применува преку одредбите и условите од договорите. Кодексот на однесување гарантира дека: Секој поединец има законско право да формира, да се придружи или да не се придружи во работнички здруженија по свој избор и има право на колективно договарање. Модерното ропство, вклучително и принудната, присилната или задолжителната работа и трговијата со луѓе, се строго забранети. Ericsson не прифаќа употреба на детска работна сила. Никој поединец не смее да се дискриминира врз основа на раса, боја, пол, сексуална ориентација, родов идентитет, брачен статус, бременост, родителски статус, религија, политички мислења, националност, етничка припадност, општествено потекло, општествен статус, домороден статус, инвалидитет, возраст, членство во синдикат или работничка заедница или врз основа на кои било други карактеристики заштитени со локалните закони, каде што тоа е применливо. Секој поединец треба да ги знае основните одредби и услови за своето работно место. Поединците со исто искуство, изведба и квалификации добиваат еднаква плата за еднаква работа во однос на оние коишто ја вршат истата под слични работни услови. Здравјето на работниците и безбедноста на работното место мора секогаш да бидат приоритет. Ова важи за сите аспекти на работните услови, вклучително и психосоцијалните фактори. Одговорност на секој вработен во Ericsson е да го почитува и следи кодексот на однесување и одговорност на секоја единица и компанија на Ericsson, како и на секој менаџер, е да се погрижи вработените во Ericsson да се третираат согласно кодексот на однесување. Снабдувачите и нивните надворешни соработници мора да се придржуваат до кодексот на однесување за да се обезбеди усогласеност. 11

СЕКОЕ ДЕЈСТВО Е ВАЖНО правила за сите коишто работат за Ericsson под управниот персонал на Ericsson, без разлика дали се работи за вработен во Ericsson или за надворешен или приватен соработник Усогласеност со законите, правилата и прописите Ericsson стриктно се придржува до сите правила и прописи, согласно законските норми, доколку се прекршат истите може да дојде до сериозни последици. Исто така, при извршување на работните обврски може да се соочите со проблеми од правен карактер. Прекршувањето на сите важечки закони, правила или прописи може да доведе до сериозни последици и за Ericsson, и за засегнатите поединци. Затоа, ваша одговорност е да се запознаете со релевантните закони, правила и прописи и да се придржувате до нив, вклучувајќи ги областите наведени подолу. Трговска усогласеност за нас, како мултинационална група компании во меѓународна работна средина, важат одредени закони, правила и прописи, особено при извезувањето и увезувањето производи и услуги. Затоа, вработените во Ericsson мора да се запознаени со важечките домашни и странски закони, правила и прописи поврзани со извезување и увезување, одредби против бојкот, трговски ембарга и санкции и да се придржуваат до нив. Според овие закони, правила и прописи, на поединци може да им се забрани да учествуваат во одредени деловни активности, на пример, лицата од Соединетите Американски Држави (граѓани на САД, луѓе кои поседуваат зелена карта (green card) и лица кои физички се наоѓаат во САД) може да бидат предмет на таквите забрани. Групните функции за правни работи се достапни за поддршка на вработените коишто имаат прашања во врска со трговската усогласеност. Фер конкуренција Ericsson е посветен на промовирањето фер конкуренција. Фер конкуренцијата обезбедува најдобар поттик за деловна ефикасност. Ги поттикнува деловниот развој и иновацијата и создава поширок избор за клиентите. Повеќето држави имаат закони со коишто се забрануваат деловни пракси коишто го прекршуваат концептот за фер конкуренција (закони за конкуренција или антимонополски закони). Овие закони управуваат со начините на кои компаниите се однесуваат кон нивната конкуренција, клиентите и снабдувачите и го забрануваат, на пример, фиксирањето на цените, распределбата на пазарот и клиентите и местењето на наддавањата помеѓу конкурентните компании, како и злоупотребата на доминантната положба на пазарот. Секој што работи за Ericsson треба да се натпреварува на отворениот пазар што е можно поенергично и поконструктивно, истовремено придржувајќи се до законите за конкуренција во секоја од земјите во коишто оперира Ericsson. Книговодствени и финансиски извештаи од Ericsson се бара да следи строги принципи и стандарди за книговодство, точно и целосно да ги пријавува финансиските информации и да има соодветна внатрешна контрола и процеси кои ќе обезбедат книговодствени и финансиски извештаи согласно важечките закони, прописи и барања за каталогизација. Мора да ги поддржувате напорите на компанијата во оваа област. Внатрешни правила и забрани за тргување сите кои работат во Ericsson треба строго да се придржуваат до внатрешните правила и прописи. Внатрешните информации се информации коишто не се јавни и кои, доколку се објават, речиси сигурно би имале значаен ефект врз цената на финансиските инструменти. На никој што поседува внатрешни информации не му е дозволено да ги користи за тргувањето со финансиските инструменти со коишто се поврзани таквите информации. Исто така, никому не му е дозволено да ги открива внатрешните информации на други луѓе, вклучувајќи ги семејството, пријателите, колегите и други, за кои таквите информации не се неопходни за извршување на задачите. 12

Затворен период на членовите на одборот на директори на Telefonaktiebolaget LM Ericsson и членовите на групната управа на Ericsson со закон им е забрането да извршуваат трансакции со финансиските инструменти на Ericsson за време на затворениот период од 30 дена пред објавувањето на финансиските извештаи. Се препорачува вработените во Ericsson да не тргуваат со финансиските инструменти на Ericsson за време на овој период, дури и ако немаат внатрешни информации. Приватност Ericsson е посветен на заштитата на приватноста на личните информации, вклучувајќи ги личните информации коишто се однесуваат на вработените, партнерите, надворешната работна сила, клиентите и крајните корисници. Личните податоци се доверливи и со нив се постапува на безбеден начин. Личните податоци смее да се обработуваат само до степенот потребен за извршување на работните задачи. Комуникација и финансиски информации Важно е вработените во Ericsson добро да ја разбираат оперативната и финансиската изведба на своите единици со цел да се зголеми вклученоста во операциите за подобрување. Ова мора да се балансира со правилата за финансиско обелоденување и правните барања на Ericsson, кои се наведени во рамките, како што се внатрешните правила и правилата за каталогизирање и пријавување на безбедносните авторитети за берзата и надгледувањето. Обврската на Ericsson да се придржува до овие барања го дефинира начинот на кој поединците коишто работата за Ericsson се справуваат со материјалните новости кои може да влијаат врз цената на акциите на компанијата. Коментари околу финансиската изведба и изгледите упатени кон надворешни групи може да даваат само официјалните портпароли на компанијата, како што е наведено во директивата за портпароли и согласно активностите поддржани од групните функции за маркетинг и комуникација. Секој што е вклучен во давањето финансиски извештаи секогаш треба да обезбедува целосни, фер, точни, навремени и разбирливи изјави во извештаите и документите коишто ги издава Ericsson или им ги предава на владините агенции или овластени лица или ги изложува преку други видови јавна комуникација. Овластените портпароли се назначени надворешно да ја претставуваат компанијата и може да покриваат широк опсег на теми. Вработените имаат право да објавуваат информации од јавен карактер кои се поврзани со Ericsson, но само овластени портпароли имаат право да објавуваат информации за финансиска изведба, стратешко чувствителни и приватни информации поврзани со клиентите. Во служба на вработените постои Секторот за маркетинг и комуникација задолжен за појаснување на информации од секаков вид. 13

Справување со конфликти на интереси Деловните одлуки ги носиме врз основа на интересите на групата, а не според личните мислења или односи. Конфликтите на интереси се појавуваат кога некој фактор го попречува или влијае врз нашето независно носење одлуки во интерес на Ericsson. Мора да ги избегнуваме ситуациите во кои нашиот личен интерес влегува во конфликт, па дури и навидум е во конфликт, со интересите на групата. Еве неколку примери за ситуации на коишто треба да се обрати внимание: Деловни можности не е дозволено да ги искористувате деловните можности коишто ќе се идентификуваат во текот на вашето работење за Ericsson за себе, за своето семејство или за пријателите ако тоа е спротивно на интересите на Ericsson. Не смее ниту да ги користите имотот или информациите на Ericsson или вашата позиција на друг начин за лични придобивки или за придобивки за вашето семејство или пријатели. Други работни места или работни задачи не е дозволено да се вработувате на друго место надвор од Ericsson, со или без компензација, коешто би наштетило или може да наштети на работната изведба во Ericsson или кое создава или може да создаде конфликт на интереси. Вработените во Ericsson не смее да се впуштаат во надворешни деловни интереси кои им одземаат време и внимание од задачите во Ericsson или за кои е потребна работа за време на работното време на Ericsson. Вработените во Ericsson треба да избегнуваат секаков потенцијален конфликт на интереси со тоа што нема да прифатат работни задачи од ниту една ИКТ-организација или снабдувач, хонорарен работник, агент, клиент или конкурент на Ericsson, освен ако тоа е во име или по барање на Ericsson. Функции во одбори надвор од Ericsson вработените во Ericsson не смеат да прифаќаат места во одборот на ниту еден ентитет или здружение (вклучувајќи непрофитни организации) ако со тоа се создава конфликт на интереси или ако може негативно да влијае врз изведбата на вработените или работните задачи на Ericsson. На пример, не е дозволено заземање место во одборот на конкурент, клиент, снабдувач или стратешки партнер на Ericsson. Местото во одборот на некој незначаен снабдувач на Ericsson може, под одредени ограничени околности, да се дозволи, но секогаш е предмет на одобрување од страна на главниот правен службеник. Доколку не постои ризик од конфликт на интереси, вработените смеат да заземат место во одборот на некој надворешен ентитет без претходно одобрение. Сите дополнителни места во одбори се дозволени само ако однапред е јасно одобрено од страна на менаџерот на вработениот и менаџерот на тој менаџер. За групната управа постои специјален процес на одобрување. За извршувањето функции во одборите на непрофитни организации нема потреба од одобрение ако не постои потенцијален конфликт на интереси. Политички активности Ericsson нема да придонесува, финансиски или на кој било друг начин да поддржува, директно или индиректно, политички партии, комитети или поединечни политичари 3. Не смее да извршувате политички придонеси во име на Ericsson или преку користењето на корпоративните фондови или средства. Обелоденување на конфликтите на интереси Ericsson бара да ги обелоденувате ситуациите или трансакциите за кои разумно се очекува да бидат повод за конфликт на интереси. Ако се сомневате дека сте дел од трансакција или некој друг договор со којшто се создава конфликт на интереси или нешто што другите разумно би го сфатиле како конфликт на интереси, мора да го пријавите тоа кај вашиот менаџер или преку групните функции за правни работи. Менаџерот и групните функции за правни работи ќе соработуваат со вас за да се разгледа дали постои конфликт на интереси и, ако постои, околу тоа како најдобро да се реши. 3 Ништо од овој дел не смее да го забрани основањето и оперирањето на одделните засебни фондови, дозволени според законот на Соединетите Американски Држави (особено 2 U.S.C. 441b(b)(4)(B)) со коишто се прибираат доброволни донации од одредени вработени во Ericsson и се придонесува за избраните владини кандидати во Соединетите Американски Држави. 14

Корупција и финансиски неправилности Нула толеранција Ericsson има правила за нула толеранција кон сите форми на корупција и финансиски неправилности, вклучувајќи давање мито, поткупување, финансиско олеснување, измама, проневера и перење пари, како што е наведено подолу. Мито и корупција никој од претставниците на Ericsson не смее, директно или индиректно, да бара или да прифаќа, да нуди или да дава каков и да е вид мито, поткуп или какви и да се други незаконски или неетички средства на вработените или другите претставници и деловни партнери (како што се клиентите, снабдувачите и деловните канали) или на која било друга трета страна (на пр. на властите). Подароци и надомести никој од претставниците на Ericsson не смее да нуди или да прифаќа подароци, придобивки, надомести или надополнувања од деловните партнери или која било друга трета страна, кои би претставувале прекршување на законите, или би биле повод за конфликт на интереси, поделена лојалност или би личеле на несоодветен обид да се влијае врз деловните одлуки или работните задачи на работниците и примачите. Вработените во Ericsson не би требало да прифаќаат подароци од деловните партнери или од трета страна, освен во облик на промотивни производи со незначителна вредност. Сите подароци или надомести треба: да се поврзани со работата да се отворено понудени обично наменети за работодавачот на примачот да се со умерена вредност да се даваат без обврски или очекувања и да се избегнуваат за време на тековните преговори Одредени подароци или придобивки не е дозволено да се нудат и примаат никогаш. Тука спаѓаат: парите, заемите, ваучерите, поткупите, извршувањето задачи од лична природа, неетичките придобивки, одморите и сличните придобивки наменети за поединци. Јавни службеници кога комуницираме со владини претставници и нивните работодавачи или застапници, имаме построги правила. Имајте предвид дека тука се вклучени и државните компании, како на пр. многу мобилни оператори. Вообичаено, ништо вредно не треба да се вети, понуди или обезбеди за јавните службеници, директно или индиректно. Финансиски олеснувања неофицијалните исплати побарани од страна на јавните службеници наменети за забрзување или обезбедување на рутинските владини активности (на пр. издавање визи, дозволи или лиценци) не се дозволени од страна на Ericsson. Таквите финансиски олеснувања се нелегални во повеќето држави и може да доведат до обвиненија и казни за тие што ги исплаќаат. Измама и проневера Ericsson не прифаќа ниту еден тип измамничко однесување или проневера. Перење пари Ericsson ги поддржува меѓународните напори за борба против перењето пари и финансирањето тероризам и криминални активности. Не треба да прифаќаме никакви необични начини на плаќање или исплата на странки со кои не сме деловно поврзани, спротивно на правилата и директивите на Ericsson. Поддршка и пријавување ако некогаш не сте сигурни дали нешто е дозволено или не, контактирајте со Секторот за правни работи за совет. Сите понуди или предложени договори кои се спротивни на нашите правила за нула толеранција кон корупцијата мора веднаш да се пријават во Секторот за правни работи. Може да ја користите и линијата на усогласеност на Ericsson. Понатамошните упатства се достапни во документите за насочување и електронско учење на Ericsson. 15

Заштита и соодветно користење на средствата на компанијата Ericsson има широк спектар на средства, вклучувајќи физички средства, сопственички информации и интелектуален имот. Одговорни сте за заштитата на имотот на Ericsson којшто ви е доверен, како и за заштитата на средствата на Ericsson. За да го направите тоа, мора да се запознаете со безбедносните директиви на Ericsson. Мора да бидете внимателни и да ги пријавите сите потенцијални ризици за загуба на имотот на Ericsson кај вашиот менаџер. веднаш штом ќе ги забележите. Подолу ќе најдете упатства за внатрешно и надворешно справување со информациите, системите за комуникација и интелектуалниот имот. Интелектуален имот интелектуалниот имот вклучува различни нешта, како компјутерски програми, техничка документација и пронајдоци. Одреден интелектуален имот е или може да биде предмет на специјална заштита преку авторски права, патенти, трговски марки итн. Интелектуалниот имот е средство од огромна вредност за Ericsson и мора да се третира со соодветна грижа. Мора да ги следите и, во случај да не сте сигурни, да побарате упатства околу тоа што да преземете за да го заштитите ова вредно средство. На пример, важно е софтверот со отворен код да се користи и дистрибуира само согласно прописите на Ericsson за софтвер со отворен код. Интелектуалниот имот којшто го создале вработените во Ericsson за време на работната должност се пренесува и доделува на Ericsson по закон и/или договор за вработување или друг тип договор, со исклучок на случаите наведени во меѓународните правила, важечките закони и договорот со Ericsson. Користење на информатичките ресурси на Ericsson информатичките ресурси на Ericsson, вклучувајќи ги системите за комуникација и поврзувањата на интернет, се користат за извршување работи за Ericsson или други случајни потреби, овластени од страна на управата или во важечките документи за насочување на групата. Може да добиете овластување од управата или од важечките документи за насочување на групата за пристап до информатичките ресурси на Ericsson со уреди и мемориски медиуми коишто не ги обезбедува Ericsson. До степенот дозволен според важечките закони, пристапот до информатичката околина на Ericsson од кој било уред или мемориски медиум (без разлика дали го обезбедува Ericsson или не) може да се проверува во однос на инсталираниот софтвер, USB меморијата, заштитниот ѕид, информациите за администраторот, дополнителните мрежни поврзувања, шифрирањето, софтверот и компонентите против вируси и злонамерен софтвер итн. Со цел да се заштити бизнисот на Ericsson и да се открие секое неприфатливо користење на информатичките ресурси на Ericsson, од вас може да се побара да обезбедите пристап до сите уреди и мемориски медиуми коишто ги користите за пристап до информатичките ресурси на Ericsson или на коишто ги складирате информациите на Ericsson. Таквите барања може да ги поставуваат само вработените во секторот за безбедност, согласно важечките правила. Неприфатливото користење на информатичките ресурси на Ericsson вклучува: обработка, испраќање, вчитување, пристапување, прикажување, складирање, печатење или друг вид ширење материјали и информации коишто се лажни, нападни, заканувачки, нелегални, расно или сексуално насочени, непристојни, застрашувачки, клеветнички или несоодветни на некој друг начин со професионалната средина. Кога ќе го напуштите Ericsson мора да ги вратите сите средства на Ericsson, вклучувајќи ја документацијата и сите медиуми коишто содржат комерцијални информации на Ericsson. И понатаму сте обврзани со ограничувањата за користење и откривање на комерцијалните информации на Ericsson откако ќе го напуштите. 16

Заштита на информациите Заштита на доверливите и комерцијалните информации на Ericsson и оние на нашите клиенти, партнери и снабдувачи Лицата коишто работат за Ericsson имаат пристап до информациите коишто се во сопственост на Ericsson, а понекогаш и до информации од трета страна. Таквите информации може да претставуваат финансиски информации, деловни планови, технички информации, информации за вработените и клиентите и други типови информации. Неовластениот пристап, користењето и откривањето може да ги оштетат Ericsson или третата страна и, затоа, не ви е дозволено да пристапувате, да ги користите или да ги откривате информациите за коишто немате соодветно овластување. Неовластениот пристап, користењето и откривањето може да прекршуваат и некои закони, како и прописи за приватност. Секогаш кога не сте сигурни околу вашите овластувања, мора да побарате упатства од менаџерот или од безбедноста на Ericsson. Еве неколку правила коишто ќе помогнат при заштитувањето на приватните информации на Ericsson и неговите клиенти, партнери и снабдувачи: 1. Не откривајте ги информациите коишто не се објавени од страна на Ericsson, освен на (i) лицата коишто работат за Ericsson и, за време на работата, имаат потреба од пристап до информациите и оправдани причини за да ги добијат, (ii) сите други коишто се овластени од страна на Ericsson како примачи на такви информации или (iii) лицата на коишто, согласно работните обврски, треба да им ги откривате таквите информации. 2. Немојте директно или индиректно да пристапувате, да ги дуплирате, да ги репродуцирате или да ги користите приватните информации, освен во текот на работните обврски за Ericsson. Кога ќе го напуштите Ericsson, ви истекуваат сите овластувања за пристапување или користење приватни информации и мора да ги вратите или да се ослободите од сите информации коишто ги имате. 3. Штом ќе дознаете за некое неправилно користење или справување со приватните информации, веднаш известете го менаџерот и целосно соработувајте со Ericsson со цел тие да се заштитат. 4. Не складирајте приватни информации на личните компјутери, мемориски медиуми или други уреди коишто немаат овластување од Ericsson. Услугите во облак од трета страна или другите услуги за онлајн хостинг треба да се користат за складирање приватни информации само ако тоа е дозволено за потребите на Ericsson од страна на групната безбедност. 5. Пристапите и овластувањата коишто им се обезбедени на лицата кои работат за Ericsson може да се користат само на начинот за којшто се наменети. Лозинките, ПИН-кодовите и сличните информации не смеат да се споделуваат или да се откриваат на неовластени лица. 17

Ericsson SE-164 83 Стокхолм, Шведска Телефон +46 10 719 0000 www.ericsson.com Telefonaktiebolaget LM Ericsson 18