Постапка за Магистерски ПРИЈАВА 1-ва Фаза 1. Кандидатот поднесува пријава за магистерски труд со сите пропратни документи во Студентска служба. Пријавата се поднесува во хартиена верзија во пет примероци и се во елктронска форма на согласниот ментор. Пријавата содржи: наслов на темата, образложение за научната и стручната оправданост на темата, план за работа и преглед на литературата и биографија на кандидатот во кој е содржана неговата меил адреса. 2. Референт од студентска служба ги прегледува пријавите за магистерскиот труд, дали пријавата ги содржи сите потребни материјали и проверува дали се исполнети условите за пријавување на магистерски труд ( освоено минималните кредити барани во студиската програма на која студира и подмирено финансиски обврски спрема факултетот). Во случај да недостасуваат некакви документи го контактира кандидатот преку меил да ги достави дополнителните документи. Откако ќе биде проверена пријавата за магистерски труд истата ќе биде парафирана од Референтот во студентска и доставена до Архива. Службата го известува согласниот ментор дека документите се во ред и дека може да продолжи постапката. 3. Согласниот ментор ја испраќа електронската верзија до Наставно научниот колегиум на студиската програма. 4. Наставно научниот колегиум на студиската програма праќа предлог мислење за пријавената тема т.е. за прифаќање на пријавената тема и предлага ментор. Предлог мислењето се доставува до Архивата на Факултетот. Раководителот на студиската програма ја испраќа електроската верзија на предлог мислењето, заедно со електронска верзија од пријавата и пропратните документи на zanns@finki.ukim.mk *Прилог 1 Урнек пријава на магистерски труд 2-ра Фаза 5. Предлог мислењето од Наставно научниот колегиум на студиската програма се поставува како точка на следниот Наставно научен совет на Факултетот. Наставно научниот совет гласа за прифаќање на мислењето од Наставно научниот колегиум и избира ментор за прифатениот магистерски труд. Наставно научниот совет донесува ОДЛУКА за прифаќање на магистерски труд и избира ментор за истиот. Насловот на прифатениот магистерски труд се објавува во Билтенот на Универзитетот и на веб -страницата на Факултетот. 6. По завршувањето на менторската фаза, односно кога менторот е задоволен со изработената работа и напишаниот текст, го проверува истиот на системот за проверка на плагијати (Согласно член 6 од Закон за изменување и дополнување на Законот за научно истражувачка дејност (сл.весник бр.80 од 26.06.2012) и добиено мислење од УКИМ бр. 02-574, Mенторот на магистерскиот труд на кандидатот, магистерскиот труд задолжително го внесува во базата за проверка на плагијати (http://plagijati.mon.gov.mk/)
3-та Фаза најмалку 30 дена пред одбраната на истиот а Извештајот го праќа во електронска форма (PDF фајлот СИТЕ ) на plagijat@finki.ukim.mk., по што го потпишува Формуларот Барање за формирање комисија за оценка на магистерскиот труд (прилог 2) 7. Барање за формирање комисија за оценка на магистерскиот труд (електронска форма од истиот испраќа до менторот кој е должен истата да ја испрати на zanns@finki.ukim.mk) потпишано од менторот, студентот го носи до Деканатот на Факултетот (кај жана) заедно со три примероци во спирала од магистерскиот труд. 8. Наставно-научниот совет со Одлука формира комисија за оценка на магистерскиот труд составена од три члена (претседател, ментор и член), во рок од 45 дена од денот на доставувањето на трудот. 9. Kомисијата за оценка на магистерскиот труд е должна да го прегледа трудот и на кандидатот писмено да му ги достави евентуалните забелешки, во рок од 3 месеци од денот на предавањето на трудот. Комисијата може да му го врати на кандидатот трудот со забелешките најмногу двапати и да му определи рок од најмногу три месеци, да постапи по нив. 10. Kомисијата за оценка на стручниот, односно магистерскиот труд е должна да го прегледа трудот и за истиот да изготви Извештај. Извештајот се доставува во пет примеока до архивата на факултетот и електронска верзија се праќа на zanns@finki.ukim.mk, од страна на менторот. Одлука за формирање на Комисија за оценка на магистерскиот труд. Прилог 2 - Барање за формирање комисија за оценка на магистерскиот труд Прилог 3 - Насловна страница на корицата на трудот 11. По доставување на Извештајот за магистерскиот труд до Архива (електронска верзија на zanns@finki.ukim.mk) истиот се поставува како точка на следната седница на Наставно-научниот совет. 12. Наставно научниот совет на Факултетот одлучувајќи по извештајот носи Одлука за прифаќање на Извештајот и избира комисија за одбрана на магистерски труд т.е. ја потврдува комисијата за оценка да е и комисија за одбрана на магистерскиот труд и закажува датум за Јавна одбрана. Рокот за одбрана не смее да е е пократок од 8, а подолг од 15 дена од усвојување на извештајот. 13. По усвојување на Извештајот, кандидатот е должен да достави пет примерока од магистерскиот труд во тврд повез ( формат А4, логото на УКИМ и ФИНКИ горе, наслов на темата, име презиме на кандидатот, име презиме на менторот и најдоле скопје и годината на одбрана) до Деканатот на Факултетот.(кај Жана) Одлука за усвојување на Извештај и формирање комисија за одбрана на трудот.
Јавна Одбрана 1. Одбраната на трудот е јавна и се објавува на огласната табла и на веб страницата на Факултетот, најмалку 7 дена пред денот на одбраната. 2. Јавната одбрана ја отвара и води претседателот на комисијата. Претседателот на комисијата ја претставува постапката за пријавување, оценка и одбрана на магистерскиот труд и професионалната биографија на кандидатот. Потоа, кандидатот ја изложува својата усна презентација на магистерскиот труд во времетраење од најмногу 30 минути. По излагањето на кандидатот комисијата има право да му поставуви прашања на кандидатот. 3. По завршувањето на одбраната на трудот, комисијата за одбрана на трудот јавно ја соопштува оценката на одбраната магистерскиот труд. За текот на одбраната се води записник во кој се внесува описна оценка: го одбранил магистерскиот труд или не го одбранил магистерскиот труд. Записникот го потпишуваат членовите на комисијата. 4. Записникот се составува во пет примероци од кој 1 за кандидатот и еден за менторот, другите 3 примероци се за Факултетот. Записник за текот на одбраната на магистерскиот труд.
Прилог 1 Урнек пријава на магистерски труд Универзитет Св. Кирил и Методиј - Република Македонија ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО СКОПЈЕ Број Датум До Наставно-научниот Колегиум на студиската програма на ФИНКИ Предмет: Достава на пријава за изработка на магистерски труд Го молам Наставно-научниот колегиум да ја разгледа пријавата за изработка на магистерски труд со работен наслов и наслов на англиски јазик: од областа: и да даде позитивно мислење по истата. Сметам дека ги исполнувам условите за пријавување на магистерскиот труд, бидејќи имам освоено кредити. Во прилог доставувам пријава која содржи: наслов на темата, образложение за научната оправданост на темата, план за работа и преглед на литературата што е планирано да се користи, како и биографија. Скопје, година Можен ментор Студент Потпис потпис Прегледал референт од Служба за студентски прашања
П Р И Ј А В А за изработка на магистерски труд од, со број на индекс /, адреса: контакт телефон:, e-mail адреса, запишан на студиската програма:. Наслов на темата: Наслов на англиски јазик: од областа:. Прилог: образложение за научната оправданост на темата, план за работа и преглед на референтна литература (литература која се планира да се користи) и биографија. Напомена: пријавата се пополнува на компјутер и се испраќа по e-mail и печати во 4 (четири) примероци (двострано на 1 лист) и заедно со другите документи се поднесува во студентската служба.
Прилог 2 - Барање за формирање комисија за оценка на магистерскиот труд До Наставно-научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје Предмет: Барање за формирање на комисија за одбрана на магистерски труд Го молам Наставно-научниот совет на ФИНКИ да формира Комисија за одбрана на магистерскиот труд под наслов: Изработката на магистерски труд со горенаведениот наслов ми беше одобрена од страна на Наставно-научниот совет на ( кој факултет) на седницата одржана на година. На истата седница за ментор беше потврден проф. д-р Во прилог Ви доставувам три примероци од магистерскиот труд, уверение за положени испити и копија од одлуката за прифаќање на магистерскиот труд и одредување на ментор. Со почит, Ментор (име и презиме) Кандидат: (име и презиме) Предлог од Наставно-научниот колегиум 1.. д-р, претседател 2.. д-р, ментор 3.. д-р, член
Прилог 3 - Насловна страница на корицата на трудот РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство 1 НАСЛОВ НА ТЕМАТА -Магистерски труд Ментор: д-р Кандидат: Скопје, 2012 1 Логото на ФИНКИ со векторски димензии е достапно на http://www.finki.ukim.mk/mk/downloads/logoa